„Претседателот на Русија вчера за првпат предложи испраќање на руско вооружување во регионите кои се во војна со државите кои ја снабдуваат Украина со оружје, односно оние сили кои се во конфликт со Америка и НАТО државите“, наведе Медведев на Телеграм.
Според него, тоа би била значајна промена во надворешната политика на Русија.
„Досега Американците и нивните европски разлигавени песови зборуваа дека имаат право да ѝ испорачуваат секакво оружје на Украина, непријателот на Москва, а дека никој во светот не смее да ѝ помага на Русија“, наведе Медведев.
Порачуваат дека ќе ја уништат Русија на секој можен начин, но дека никој не смее да се осмели да ги снабдува Русите со оружје за одбрана на земјата, објасни тој.
„САД и нивните сојузници нека ја почувствуваат директната примена на руското оружје кое против нив би го користеле трети држави“, порача Медведев.
Регионите во кои Русија би можела да испорачува свое оружје не се наведени, но тоа би можела да биде секоја држава која „Америка и нејзините ортаци ги смета за свои непријатели“, наведе Медведев.
„Без оглед на политичките убедувања и меѓународното признавање. Сите на кои САД им се непријател – нам ни се пријатели“, додаде тој.
„Нека с) уште неименувани „региони“ применуваат руско оружје што подеструктивно за нивните и наши противници. И нека „чувствителните објекти на државите кои го снабдуваат Киев со оружје“ горат во пеколен пламен. Нека горат заедно со оние кои ги контролираат“, порача поранешниот руски претседател.
А Русија, според него, „ќе се радува на успешните напади со руско оружје на нашите заеднички непријатели“.