недела, 22 декември 2024

Медведев се закани со нуклеарен напад врз Вашингтон, Берлин и Лондон

Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев повторно му се закани на Западот со нуклеарна војна доколку Русија по војната во Украина се врати на своите граници од 1991 година.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во денешната објава на Телеграм, актуелниот заменик-претседател на рускиот Совет за безбедност го повтори својот добро познат став дека „нуклеарните сили никогаш не губат војна сè додека ја бранат својата татковина“.

Според Медведев, враќањето на Украина на старите граници би било против рускиот устав бидејќи освоените области во источна Украина и Крим веќе се припоени како делови на Русија.

Границите од 1991 година се меѓународно признаените гранични линии меѓу Русија и Украина, пред Русија да го анектира Крим во 2014 година и пред руската инвазија на Украина во февруари 2022 година.

„Дали тие идиоти навистина веруваат дека рускиот народ би прифатил таков распад на својата земја?“, напиша Медведев.

Тој рече дека Русија ќе го организира целиот свој арсенал и покрај Киев ќе ги нападне и Вашингтон, Берлин или Лондон.

Медведев додаде дека овие „прекрасни историски места одамна биле внесени како цели на (руската) нуклеарна тријада“. Притоа тој мислеше на конфигурацијата на копнените интерконтинентални проектили, ракетите лансирани од подморници и стратегиските бомбардери со нуклеарни бомби.

За време на неговиот мандат како претседател од 2008 до 2012 година, Медведев важеше за либерален и умерен политичар. Од почетокот на руската војна против Украина, пред речиси две години, тој се претвори во екстремист и сега е еден од најжестоките критичари на Западот.

Нема конкретни знаци дека руското раководство всушност планира да употреби нуклеарно оружје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ