вторник, 1 октомври 2024

Медведев: Ќе употребиме нуклеарно оружје доколку снемаме трпение

Заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев, денеска изјави дека Русија може да употреби нуклеарно оружје доколку „снема трпение“ и посочи дека никому не му треба нуклеарен конфликт бидејќи тоа е „многу лоша приказна со многу тежок исход“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Русија не користи нуклеарно оружје како одговор на непријателските напади, бидејќи ја разбира опасноста и неповратноста од таков конфликт. Москва засега покажува трпение, но може да го снема“, предупреди Медведев на каналот Телеграм.

Тој истакна дека Москва покажува трпение со тоа што не го користи својот нуклеарен потенцијал за да одговори на акциите на Западот во украинскиот конфликт, вклучително и дозволата за изведување напади со прецизно оружје длабоко на руска територија, пренесува РИА Новости.

„Сепак, помпезните англосаксонски идиоти не сакаат да признаат едно: на секое трпение му доаѓа крајот“, нагласи Медведев.

Тој истакна дека умерените западни аналитичари кои предупредуваат за можноста за нуклеарен одговор би можело да се покаже дека се во право и дека „одговорот може да вклучи нови системи за испорака во ненуклеарна конфигурација“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ