петок, 18 октомври 2024

Медведев: Ако Франција испрати свои војници во Украина, приоритет ќе биде нивната ликвидација

Доколку Франција испрати свои војници во Украина, нивната ликвидација ќе биде приоритет и славна задача за руските Вооружени сили, напиша заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија Дмитриј Медведев на својот канал на Телеграм.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Всушност, за општо добро, не би било лошо ако Французите испратат неколку полкови во Украина. Прилично е проблематично да се сокријат толкав број на војници, со што задачата за нивно систематско истребување нема да биде тешка, туку исклучително важна“, напиша Медведев.

„Со толку многу ковчези испратени во Франција од далечна туѓа земја, би било невозможно да се прикрие масовната смрт на професионалните војници“, додаде тој.

„Нивното уништување ќе биде приоритет и славна задача на нашите Вооружени сили“, напиша Медведев.

Претходно директорот на Руската служба за надворешно разузнавање Сергеј Наришкин изјави дека Франција подготвува контингент за испраќање во Украина, кој во првата фаза би броел околу 2.000 војници.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ