среда, 4 декември 2024

Медиумите во ЕУ: Зеленски направи голема отстапка за прекин на војната, но Украина тешко може во НАТО

Украинскиот претседател Володимир Зеленски направи голема отстапка за прекин на војната со Русија согласувајќи се „привремено да се откаже“ од украинските територии кои ги држи руската војска, но тешко дека за возврат ќе ги добие бараните безбедносни гаранции со влегување во НАТО.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тоа е оценката на многу медиуми и аналитичари во Европската Унија кои пренесуваат дека повеќето европски членки имаат поинакви замисли за безбедносни гаранции за Украина, за кои денес и утре ќе расправаат шефовите на дипломатиите на НАТО.

Новата шефица на дипломатијата на ЕУ Каја Калас при првата посета на Киев изјави дека Европската Унија мора „колку што е потребно“ да го помага Киев за „Украина да ја довие војната“ и дека наводно некои членки на Унијата се спремни во Украина да испратат и војници.

Францускиот весник Монд наведува дека „Европејците бараат други решенија освен ставањето под заштита на НАТО на делот на Украина кој не го зазеле руските трупи“, а тоа го потврди и доскорешниот шеф на НАТО Јенс Столтенберг кој истакна дека „постојат и други опции за вооружување и поддршка на Украинците“.

Монд додава дека „дипломатите во НАТО веќе со месеци посочуваат дека се мали шансите Украина да добие повик за членство во оваа воена организација… повеќе членки на Атлантскиот сојуз, вклучувајќи ги Америка и Германија дадоа до знаење дека не сакаат да бидат вовлечени во војна со Русија“.

Аналитичарот на германскиот портал Тагешау укажува на тоа дека „прашањето како да се обезбеди прекин на огнот во Украина се поставува во контекст на претстојната промена на власта во Соединетите Американски Драви“.

„Доналд Трамп, како претседател, би можел да се обиде да ги примора Украина и Русија на преговори“, истакнува Тагешау.

„На Украина би можел да ѝ се закани со прекин на воената помош во случај на одбивање, додека рускиот претседател Владимир Путин би можел да го притисне да седне на преговарачка маса со закана дека дополнително ќе ја зголеми воената помош за Киев“, наведува сајтот.

Но од другата страна на океанот, весникот Вашингтон пост јавива дека „многу американски функционери посочуваат дека во рок од неколку месеци Украина би можела да биде приморана да седне на преговори со Русија околу прекин на огнот и откажување од дел од територијата“.

Новата висока претставничка на ЕУ Каја Калас, која е позната по крајно тврдите ставови кон Москва, признава дека е сè потешко во ЕУ да се постигне единство околу јакнење на материјалната поддршка за Украина.

„Оваа војна трае веќе некое време и сè потешко можеме да им ја објасниме на нашите сограѓани“, кажа таа.

Полскиот неделник Полска пишува дека за Киев „територијалната целовитост долго, барем официјално, беше табу, иако украинските дипломати беа согласни дека Донбас и Крим не можат да се вратат во некое догледно време“.

Аналитичарите и медиумите во ЕУ укажуваат дека е јасно дека Киев има големи тешкотии да ги задржи понатамошните пробивања на руските трупи, дека острата зима е на прагот, а дека украинската војска нема доволно луѓе и оружје.

Италијанскиот весник Стампа истакнува дека тоа е „признание дека се заканува уште една зима под бомби, студ и мрак… сега за првпат преку половина Украинци изјавиле дека се за прекин на огнот и преговори“.

Холандски Волкскрант заклучува дека „сè кажува дека Европа мора да се подготви многу подиректно да биде вклучена во безбедноста на Украина по мировниот договор“.

Многу медиуми во ЕУ ја пренесуваат и изјавата на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров дека во сегашната ситуација Москва не прифаќа прекин на огнот бидејќи смета дека тоа само би им дали време на западните партнери на Киев посилно да ја вооружат и да ја опорават украинската војска.

Во извештаите сепак се потсетува на тоа дека рускиот претседател Владимир Путин кажа дека е спремен да разговара со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за крај на војната во Украина.

Путин кажа дека Киев треба да се откаже од желбата да се придружи на НАТО, а руски извори неофицијално пренесоа дека Кремљ би можел да се согласи на замрзнување на конфликтот долж првата борбена линија.

Иако Русија, како што се објаснува, нема да прифати придружување на Украина во НАТО или присуство на НАТО трупи на украинско тло, отворена е за разговор за безбедносни гаранции за Киев.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ