Шпионирањето било насочено на членови на Европскиот парламент, а особено внимание било посветено на инспекторите на Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ). Во текот на тие години ОЛАФ ја истражувал унгарската компанија во сопственост на зетот на унгарскиот премиер Виктор Орбан, што предизвикало загриженост во Будимпешта.
Според извештајот, ИХ нелегално ги пребарувала хотелските соби и ги снимала телефонските разговори на европските делегации. Во некои случаи службата преземала податоци од нивните лаптопи, што предизвикало загриженост поради нарушување на приватноста и безбедноста на европските институции.
Владата на Унгарија не ги коментираше наведените обвинувања, а портпаролот на премиерот Берталан Хаваши ги отфрли извештаите, нарекувајќи ги лажни вести.
Унгарија веќе неколку пати била обвинета за прислушување новинари, активисти и политички противници, а во 2021 година еден унгарски пратеник призна дека владата купила израелски шпионски софтвер, способен да следи комуникации, пишува Политико
Новите обвинувања доаѓаат во момент кога односите на Унгарија кон Европската Унија дополнително се влошуваат поради одредени политички одлуки.