петок, 18 октомври 2024
Регионалниот комитет на СЗО за Европа

Меџити: Ќе промовираме одговорна употреба на антибиотици и заштита од инфекции во болниците

Македонија постигна голем напредок во справувањето со антимикробната резистенција, меѓутоа аспектот на „едно здравје“ за превенција и контрола на антимикробната резистенција треба дополнително да се развива, а патоказот ќе обезбеди насоки за ова, истакнал министерот за здравство Фатмир Меџити во рамки на 73-та сесија на Регионалниот комитет на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа.

Објавено на

часот

Сподели

Како што пренесуваат од Министерството за здравство, на Регионалниот комитет кој се одржува од 24-26 октомври 2023 година во Астана, Казахстан, министерот за здравство се обратил на денешната сесија на тема „Патоказот за антимикробна отпорност за европскиот регион на СЗО 2023-2030 во Македонија“.

Тој посочил дека фокусот ќе биде ставен и на надзорот на антимикробната резистенција во рамките на Системот за управување со лабораториски информации што се развива со поддршка на СЗО.

„Приоритет ќе бидат образовните иницијативи насочени кон здравствените работници, пациентите и јавноста за промовирање на одговорна употреба на антибиотици. Ова вклучува примена на претпазливи практики на препишување и обезбедување достапност на алтернативи на антибиотици кога е соодветно. Ќе работиме и на зајакнување на мерките за превенција и контрола на инфекции во здравствените установи за да се намали ширењето на резистентни инфекции, фокусирајќи се на градење капацитети за здравствените работници“, рекол министерот. 

Воедно, потенцирал дека поддршката на Светската здравствена организација е непроценлива во напорите за справување со антимикробната отпорност, како и споделувањето на најдобрите практики, искуства и научени лекции во спроведување на патоказот меѓу земјите од балканскиот регион. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ