Комесарот за натпреварување, Александар Милојевиќ денеска ги соопшти изречените казни за вчерашниот инцидент во Чаир кога на полувремето беа нападнати кошаркарите и тренерите на МЗТ Скопје.
Одлучено е натпреварот да се доигра во празна сала. Дуелот беше прекинат на полувремето при водство на МЗТ Скопје од 44-42.
Чаир доби забрана за поставување на ВИП столчиња до крајот на сезоната. Одлуката е донесена поради тоа што неслужбените лица кои влегле во подтрибинскиот биле токму од ВИ делот.
За слабата организација и дозволувањето на движење на неслужбени лица, Чаир е казнет со 40.000 денари. Казна доби и техничкиот раководител на екипата на Чаир, Алајдин Мустафа во висина од 20.000 денари и суспензија до крајот на сезоната.
Казна ќе плати и МЗТ Скопје, таа е во висина од 30.000 денари. Казната е затоа што МЗТ Скопје предизвикал прекин подолг од 15 минути.