ПСЖ ремизираше и на вториот натпревар во Лига 1 оваа сезона, избраниците на Луис Енрике вечерва одиграа 1-1 на гостувањето кај Тулуз.
Килијан Мбапе доби шанса во второто полувреме и за кратко постигна гол, напаѓачот погоди од белата точка за 0-1.
Но гостите му откинаа два бода на фаворитот во финишот, Хакими несмасно стартуваше и направи пенал, а Абуклал ја реализираше најстрогата казна за 1-1 во 87. минута.