Килијан Мбапе беше поштеден од Дидје Дешам за натпреварите против Израел и Белгија со цел да не се ризикува со нова повреда, но „триколорите“ останаа зачудени и разочарани кога дознаа дека напаѓачот ќе игра за Реал Мадрид против Виљареал.
Капитенот на репрезентацијата сега дополнително ја разбранува француската јавност откако беше откриено дека тој се забавувал во Шведска додека Франција синоќа играше против Израел во Лигата на нации.
Во друштво на неколку пријатели, ѕвездата на Реал Мадрид била забележана во ресторанот „Ше Жоли“ во Стокхолм, а потоа продолжиле во диско и го посетиле ноќниот клуб „В“.
Килијан Мбапе се обидел да биде непрепознатлив, носел маска и капа, но очигледно не успеал во намерата неговата посета на Стокхолм да остане незабележана.