Својот потпис на овој договор за соработка го ставија претседателот на НСЗР, Боби Бојчевски, претседателката на ЗПЛ, Лилија Чолакова Дервишова и претседателот на КСОМ, Марјан Ристески.
По потпишувањето на меморандумот, Бојчевски изјави дека и понатаму ќе се трудат да го подобрат здравствениот систем во државата. Нивна цел е, како што посочи тој, вработените во здравствените установи да не си заминуваат во странство, да останат да им служат на нашите граѓани.
„Ќе продолжиме да работиме на тоа да се надминат проблемите во здравството. Здравјето на луѓето нема цена. Какво е здравството во една земја, многу зборува за тоа за каква држава всушност станува збор“, подвлече Бојчевски во изјава за МИА.
Со овој меморандум, двете страни се согласија да настапуваат единствено, бидејќи како што беше нагласено, заедно се посилни.