Според информациите што ги објави Евростат, Македонија е на 50 проценти од просекот на ЕУ, а од регионот полоши се само Албанија и Босна и Херцеговина 41 отсто или 59 проценти под просекот во ЕУ. Србија е на 53 проценти или 47 под, а Црна Гора на 63 отсто или 37 проценти под европскиот просек.
Во рамки на ЕУ, највисоко ниво има Луксембург 38 проценти или над европскиот просек, а најниско Бугарија со 31 процент под европскиот просек.
Како и во претходните години, Луксембург забележа највисоко ниво на вистинска индивидуална потрошувачка (ВИП) по глава на жител во ЕУ со 38 проценти над просекот на ЕУ, следат Австрија и Германија и двете по 18 отсто, Холандија 16 проценти и Белгија 15 отсто над европскиот просек. Во 2022 година, девет земји на ЕУ забележаа ВИП по глава на жител над просекот на ЕУ.
Најниски нивоа на ВИП по глава на жител меѓу земјите од ЕУ се регистрирани во Бугарија 31 процент под просекот на ЕУ, Унгарија 29 отсто подолу, Хрватска и Летонија и двете 24 проценти подолу и Словачка 23 отсто под просекот на ЕУ.
Во текот на последните три години, ВИП по глава на жител во однос на просекот на ЕУ бележи промени во повеќето земји на ЕУ. Помеѓу 2020 и 2022 година, нивоата на ВИП се зголемија во 18 земји на ЕУ, особено во Бугарија (69 отсто од просекот на ЕУ во 2022 година во споредба со 60 отсто во 2020 година), Хрватска (76 отсто наспроти 69 отсто), Романија (86 отсто наспроти 81 отсто) ), и Ирска (94 отсто наспроти 89 отсто).
Спротивно на тоа, нивоата на ВИП бележат намалување во седум земји од ЕУ. Најголеми намалувања се забележани во Данска (110 отсто во 2022 година наспроти 121 отсто во 2020 година), Германија (118 отсто наспроти 124 отсто) и Финска (109 отсто наспроти 114 отсто).
Фото: Евростат