сабота, 5 октомври 2024

Масуд Пезешкијан е новиот претседател на Иран

Умерениот реформист Масуд Пезешкијан победи во вториот круг од претседателските избори во Иран и во своето прво обраќање рече дека „ќе им подаде рака на пријателство на сите“.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Како што пренесоа утринава државните медиуми, Пезешкијан победи со повеќе од 16 милиони гласови над тврдокорниот Саид Џалили, кој доби поддршка од 13 милиони Иранци.

„Ќе ја подадеме раката на пријателство на сите, сите сме жители на оваа земја, треба да ги искористиме сите за напредок на државата“, рече Пезешкијан заблагодарувајќи им се на своите поддржувачи.

Пезешкијан, кардиохирург, се залага за олабавување на прописите за носење хиџаб и за приближување кон Западот, иако и тој со децении го поддржуваше врховниот водач на Иран Али Хамнеи и елитниот Корпус на Исламската револуционерна гарда.

Новоизбраниот претседател ќе го наследи Ебрахим Раиси, кој загина во хеликоптерска несреќа на северозападот од земјата во мај заедно со министерот за надворешни работи Хосеин Амир-Абдолахиан и неколку други официјални лица.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ