среда, 23 октомври 2024

Масовно труење со храна во рестораните на Мекдоналдс во САД

Најмалку едно лице почина, а педесетина се разболеа од труење со ешерихија коли во рестораните на Мекдоналдс низ десет американски сојузни држави, објави денеска Центарот за контрола и превенција на болести (ЦДЦ).

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Според ЦДЦ, труењето е поврзано со хамбургерот „квартер паундерс“.

Меѓу десетте лица што се задржани на лекување во болница е и дете што има хемолитички уремичен синдром, сериозна медицинска компликација што може да настане од инфекција со бактеријата ешерихија коли.

Повеќето од заболените се во Колорадо и Небраска.

Според ЦДЦ, истрагата за случајот е во тек, а прелиминарните податоци укажуваат дека изворот на труењето е исечениот кромид што бил користен за хамбургерите.

Мекдоналдс престана да користи кромид и да ги продава хамбургерите „квартер паундерс“ во неколку држави додека трае истрагата.

Во соопштението Мекдоналдс наведува дека резултатите од истрагата за причините за труењето покажуваат дека станува збор за кромид што бил набавуван од еден производител, кој снабдувал три дистрибутивни центри.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ