петок, 18 октомври 2024

Маслинки за потенцијa

Објавено на

часот

Сподели

 Познато е дека здравата храна е клуч за добрата потенција, но овојпат маслинките го земаат приматот на стимулатори на ерекција. Стресното секојдневие направи недостигот од потенција да се појави високо на листата на најчести „болести“ особено кај мажите над 40-та година. Истражувањата велат дека мажите што внесуваат во организмот повеќе „добри“ маснотии имаат посилен сексуален нагон. А маслинките и маслиновото масло значително го подобруваат односот на добри и лоши маснотии во крвта. Со тоа превентивно влијаат на вените и на добрата циркулација.
Маслиновото масло е познато и како добар заштитник од срцевите заболувања. А што се однесува до ерекцијата, освен маслинките, добри стимулатори се и кикиритките и авокадото.
И најпосле, ако веќе консумирате алкохол навечер, добро е тоа да биде мартини со маслинки!

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ