сабота, 27 јули 2024

Маск: Владата на САД имала пристап до приватните пораки на Твитер

Објавено на

часот

Сподели

Маск му кажа на водителот Такер Карлсон дека бил шокиран кога дознал дека владата има можност да ги чита директните пораки на корисниците на неговата социјална мрежа.

„Ме вџаши тоа до која мера владините агенции имале целосен пристап до сè што се случува на Твитер“, кажа Маск и додаде дека претходно не бил свесен за тоа.

На прашањето на Карлсон дали тоа се однесува и на приватните пораки на корисниците, Маск одговори потврдно.

Илон Маск, кој неодамна ја формираше компанијата која се бави со вештачка интелигенција Икс АИ, изрази загриженост поради најновиот бран на ширење на вештачката интелигенција, кажувајќи му на Карлсон дека таа технологија има потенцијал да ја уништи цивилизацијата.

„Вештачката интелигенција е поопасна од, на пример, лош дизајн на авион или несоодветно одржување на производството, или лошо производство на автомобили во смисла дека има потенцијал, колку и да е тоа малку веројатно, но не е тривијално – за уништување на цивилизацијата“, кажа Маск.

Констатациите на Маск за увидот на американската влада во приватната преписка на корисниците на мрежата во негова сопственост следат по одлуката на Националното јавно радио (НПР), организација на државни медиуми во САД, да го напушти Твитер откако повеќе американски медиуми кои добиваат средства од државата беа означени како „медиум поврзан со државата“.

Твитер потоа ја смени ознаката „поврзан со државата“ и ја смени во „финансиран од владата“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ