среда, 12 март 2025

Маск: Не сакам да го преземам Тикток

Мултимилијардерот Илон Маск, сојузник на американскиот претседател Доналд Трамп, изјави дека не е заинтересиран да го купи Тикток, социјалната мрежа која САД се обидуваат да ја забранат поради наводна безбедносна закана од нејзините кинески сопственици.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Изјавата на Маск од крајот на јануари беше објавена во саботата на веб-страницата на Велт груп, дел од германската медиумска корпорација Аксел Спрингер, која беше домаќин на настанот, на кој гостин преку видео врска беше сопственикот на Тесла, Спејсекс и Икс.

„Не дадов понуда за Тикток “, рече милијардерот една недела откако Трамп предложи дека е отворен Маск да ја преземе апликацијата, во сопственост на кинеската Бајтденс.

„Немам планови што би правел со Тикток“, рече Маск, додавајќи дека тој лично не ја користи апликацијата и не е запознаен со нејзиниот формат.

„Воопшто не сум желен да го преземам Тикток, обично не преземам компании, тоа е многу ретко“, продолжи Маск, нарекувајќи го и своето преземање на поранешен Твитер за необично.

„Генерално градам компании од темел“, додаде тој.

Трамп потпиша извршна наредба со која се бара одложување на забраната на популарната апликација која требаше да биде блокирана во САД на 19 јануари.

На Бајтденс му беше даден рокот во јануари да ја продаде американската сопственост на Тикток или да се соочи со забрана. Американските законодавци се загрижени дека апликацијата претставува закана за националната безбедност бидејќи кинеските власти би можеле да ја принудат да споделува податоци за американските граѓани.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ