Реагирајќи на вестите дека руските сили напредуваат во стратегиски важниот град Авдеевка во Донбас, која во меѓувреме и целосно падна во руски раце, Маск напиша на Икс дека „колку подолго ова трае, на Русија ќе ѝ биде подобро“.
The longer this goes on, the better Russia will do
— Elon Musk (@elonmusk) February 17, 2024
Постот на сопственикот на Тесла всушност е коментар на објава на американскиот инвеститор Дејвид Сакс, кој претходно тврдеше дека конфликтот е „машина за мелење месо“ а дека ќе заврши дури кога Украина „ќе лежи во вжарени урнатини на погребната клада која самата си ја направи“.
Во борбите во Авдеевка украинските сили останале брз 1.500 луѓе за само 24 часа. По заземањето на градот, руското министерство за одбрана соопшти дека руските сили ќе ја продолжат офанзивата за да ја ослободат самопрогласената Доњецка Народна Република.
Украински и американски функционери сметаат дека за губењето на градот е одговорен Западот бидејќи престанал да му помага на киевскиот режим во војната против Русија, а Пентагон предупреди дека ситуацијата од Авдеевка би можела да се повтори на многу места долж линијата на фронтот доколку САД не одобрат нов пакет оружје, муниција и обука за украинската војска вреден 60 милијарди долари.