среда, 12 март 2025

Маск го поддржа Гренел: Исклучете ги Гласот на Америка и Радио Слободна Европа

Ричард Гренел, претставник на американскиот претседател Доналд Трамп за специјални мисии, смета дека на САД не им се потребни државни медиуми кои ги плаќаат американските даночни обврзници, мислејќи на Радио Слободна Европа и Гласот на Америка. Оваа позиција беше поддржана и од Илон Маск.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Радио Слободна Европа и Гласот на Америка се медиуми кои ги плаќаат американските даночни обврзници. Тоа се државни медиуми. Тие куќи се полни со активистити на екстремната левица. Работам со овие новинари со децении. Тоа е реликт од минатото. Не ни требаат медиуми финансирани од државата“, напиша Гренел на Икс.

Илон Маск се надоврза на твитот на Гренел.

„Да, исклучете ги. Европа сега е слободна, веќе никој не ги слуша“, напиша Маск на Икс.

„Тие се само радикални левичари кои зборуваат сами со себе додека горат милијарда долари годишно од џебовите на американските даночни обврзници“, додаде Маск.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ