На 22. декември на вонредно собрание на ФФМ треба да биде избран нов претседател на организацијата откако претходно Муамед Сејдини поднесе оставка. Негов наследник ќе биде Масар Омерагиќ бидејќи тој е и единствениот кандидат за нов предводник на фудбалската организација.
„Комисијата за избори и верификација во рамки на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) го прифати предлогот на Општинскиот фудбалски Сојуз – Свети Николе за поддршка на кандидатурата на Масар Омерагиќ за претседател на Фудбалската федерација на Македонија на Вонредното изборно Собрание на Фудбалската федерација на Македонија на 22. декември 2024. година.
Одлуката на Комисијата за избори и верификација во рамки на ФФМ по предлог на ОФС Свети Николе го одреди Масар Омерагиќ за единствен кандидат за претседател на Фудбалската федерација на Македонија на Вонредното изборно Собрание на ФФМ закажано за 22. декември 2024 година“, стои во соопштението на ФФМ.