петок, 18 октомври 2024

„Марш на надежта“ за Меѓународниот ден на слепите лица во Битола

Општина Битола во соработка со Лајонс клубовите од градот и слепи лица, го одбележаа Меѓународниот ден на белиот стап.

Објавено на

часот

Сподели

Претставници на Здружението на слепи лица побараа поголема државна помош за обезбедување на потребни помагала и јавно се заблагодарија за поддршката од локалната самоуправа.

„Нашата грижа, како локална самоуправа за слепите лица и лицата со оштетен вид е секојдневна и се реализира низ повеќе програми, а посебно низ Програмата за социјална заштита. Една од активностите кои се реализирани преку програмата за социјална заштита во последната година е и создавање на услови за пристапност и до самата општина, а со тоа и до општинските услуги преку поставување на 25 табли во општинската зграда сите напишани со Браеово писмо со што во голема мера ќе се олесни пристапот за граѓаните кои имаат оштетен вид, а на тој начин ќе можат самите со доаѓање во општината да се упатат на вистинското место и навремено да ги завршат потребните работи, со нивно директно присуство во институцијата и лесна пристапност до одговорните службеници“, рече градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски.

Од Општина Битола потврдија дека преку проектот „Општествено корисна работа“ е ангажирано лице едукатор на  Браеово писмо, а со цел подобрување на образованието на слепите лица со што лицата кои подоцна го загубиле видот и немале можност да се образоваат во специјално  училиште за слепи лица им нудат можност да го научат Браевото писмо и  стекнување на вештини за нивно осамостојување.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ