Со почеток од 18.30 часот па сѐ до завршување на маршот сообраќајот ќе се пренасочува на дел од ул.Христијан Тодоровски-Карпош од крстосницата со ул.Втора Македонска бригада, дел од ул.Џон Кенеди со ул.Кемал Сејфула, потегот од ул.Цветан Димов до ул.Џон Кенеди и од ул.Цветан Димов до бул.Крсте Петков Мисирков.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива маршот.