среда, 12 март 2025

Мармуш блесна со хет-трик за 14 минути, Сити пресилен за Њукасл (ВИДЕО)

Манчестер Сити им се врати на победите и со 4-0 го совлада Њукасл, играч на натпреварот беше Омар Мармуш, кој постигна три гола за само 14 минути.

Објавено на

часот

Сподели

„Граѓаните“ се загреаја за реваншот против Реал Мадрид со убедлив триумф над Њукасл, избраниците на Пеп Гвардиола пред своите навивачи славеа со 4-0.

Играч на натпреварот беше зимското засилување Омар Мармуш, кој забележа хет-трик.

Египјанецот го отвори резултатот во 19. минута, пет минути подоцна зголеми на 2-0, за во 33. минута да реализира за 3-0.

Конечниот резултат беше поставен во 84. минута, кога Мекати се запиша во листата на стрелците.

На останатите натпревари од 16 часот во Премиерлигата, Брентфорд со 0-1 славеше против Вест Хем, Борнмут со 1-3 го совлада Саутемптон, Фулам забележа победа од 2-1 над Нотингем Форест, додека пак Астон Вила и Ипсвич одиграа 1-1.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ