сабота, 28 декември 2024

Марк Руте: НАТО ќе го зајакне своето воено присуство во Балтичкото Море

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте денеска изјави дека Алијансата ќе го зајакне своето воено присуство во Балтичкото Море, откако Финска задржа танкер поврзан со Русија поради можноста дека бил користен за саботажа.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Руте, во објава на мрежата Икс, рече дека разговарал со финскиот претседател Александар Стуб и изрази солидарност со таа земја во тековната истрага за саботажата.

„НАТО ќе го зајакне своето воено присуство во Балтичкото Море“, рече Руте.

Финските власти во четвртокот задржаа брод поврзан со соседна Русија, кој сега се наоѓа во финските територијални води, додека истражуваат дали оштетил кабел за напојување во Балтичкото Море и неколку кабли за пренос на податоци.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ