Мариза го започна својот музички пат во Лисабон пред дваесет години, а нејзиниот пробив на светската сцена дојде со албумот Fado em Mim во 2001 година. Оттогаш, нејзиниот уникатен глас одекнуваше на најпрестижните концертни сцени, вклучувајќи ја париската „Олимпија“, лондонскиот Royal Festival Hall и њујоршкиот „Карнеги хол“.
Овој единствен концерт нуди можност за уживање во виртуозниот спој на музиката, културата и сензибилитетот што ги освојуваат срцата ширум светот.
Билетите се во продажба на mktickets.mk.
Концертот се реализира со поддршка на генералниот спонзор, компанијата MТЕЛ.