четврток, 30 јануари 2025

Марин Ле Пен: Франција треба да го следи примерот на Трамп во однос на депортациите

Лидерката на француската десница Марин Ле Пен изјави денес дека Франција треба да заземе строг пристап кон земјите кои одбиваат да примат депортирани лица, наведувајќи го како пример притисокот на американскиот претседател Доналд Трамп врз Колумбија да прифати депортации.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Ле Пен нагласи дека Франција треба да преземе слични мерки кон Алжир како што направи Трамп кон Колумбија, пренесе Ројтерс.

Таа во интервју за француската телевизија рече дека Франција треба да биде „поагресивна“ кон поранешните колонии, како што е Алжир, користејќи ја тактиката на Трамп за воведување санкции и царини за да ги принуди да прифатат депортации.

Според неа, доколку Алжир не се согласи да соработува, Франција треба да го блокира трансферот на пари и да ги суспендира визите за Алжирците и нивните политички лидери.

Ле Пен нагласи дека Трамп успешно ги спроведе овие мерки во првите денови на функцијата и го критикуваше францускиот министер за внатрешни работи Бруно Ретајо за недоволно акции во врска со имиграцијата.

Таа исто така рече дека би сакала Ретајо да биде поодлучен во решавањето на проблемот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ