среда, 12 февруари 2025

Марија Захарова му порача на Зеленски: Неонацистите во регионот Курск ќе завршат два метри под земја

Шефот на режимот во Киев Владимир Зеленски кој зборува за можна размена на територии со Русија, се обидува да ја прикрие катастрофалната ситуација во која се наоѓаат украинските Вооружени сили во правец на Курск, изјави официјалната претставничка на руското МНР Марија Захарова.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Таа ја коментираше изјавата на Зеленски, кој претходно рече дека доколку американскиот претседател Доналд Трамп успее да организира мировни преговори меѓу Москва и Киев, тој планира да ѝ предложи на Русија да ги разменат териториите окупирани од украинската армија во регионот Курск за дел од регионите кои влегоа во сотав на Русија.

„Неонацистите кои дејствуваат во регионот Курск ги чека земја со површина приближно метар на два и метар и пол до два длабока, без никаква размена“.

„Зеленски дава такви изјави за да ги прикрие вистинските размери на катастрофата што ги снајде Вооружените сили на Украина во тој правец“, изјави Захарова за Известија.

Претходно Трамп изјави дека неговата администрација била во контакт со претставниците на Киев и Москва во текот на изминатата недела и дека постигнала значителен напредок во решавањето на украинскиот конфликт, пренесува Спутник.

Тој, исто така, рече дека сака компензација од Киев за парите потрошени за помош на Украина во вредност од 500 милијарди долари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ