недела, 22 декември 2024

Манчини откри зошто веќе не е селектор на Италија

Објавено на

часот

Сподели

Манчини ги изненади сите откако си поднесе оставка од селекторската позиција на Италија, тој сега ја образложува одлуката.

„Во изминатите месеци му објаснував на Гравина, потребна ми беше поддршка и смиреност, но тој не го направи тоа па си дадов оставка“, вели Манчини.

„Дали требаше да го направам тоа порано? Веројатно. Но заминувам од националниот тим 25 дена пред следниот натпревар, не три дена“.

„Гравина веќе една година се обидува да ми го промени стручниот штаб. Се обидував да му кажам дека најмногу што можам е да додадам неколку лица, но не можеше да исфрли двајца од групата која работеше и освои. Јас треба да бидам тој кој ќе одлучува за менување на мојот стручен штаб“.

„Гравина некое време на работите размислуваше многу поразлично од мене. Јас често бев масакриран поради моите одлуки. Сакав да му пратам сигнал, тој можеше да ми помогне ако сакаше“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ