петок, 18 октомври 2024

Манчевски: Мојот спор е со неколку филмски мафијаши

Мојот спор не е со Агенцијата за филм, туку само со неколку филмски мафијаши, Салиериевци на кои тато им ги купил кариерите со помош на партиските извршители, вели режисерот Милчо Манчевски во интервјуто за Локално.

Објавено на

часот

Сподели

„Нема мали и големи земји, има мали и големи филмови. Проблемот е во заробената држава и заробените институции. Филмот е скап потфат, а парите кои државата ги издвојува за продукција ги крадат филмските мафијаши или се трошат на медиокритетски автори и продуценти, кои никогаш на покажале успех, иако со децении трошат народни пари, вели Манчевски.

Тој вели дека сите се разочарани од немањето на правда во општеството, од корупцијата, ама сака да верува дека упорноста ќе го победи злото, да верува во институциите, затоа што „алтернативата е апатија и анархија“.

„Мојот спор не е со Агенцијата за филм, туку само со неколку филмски мафијаши, Салиериевци на кои тато им ги купил кариерите со помош на партиските извршители“, истакнува Манчевски.

На прашањето како гледа на општествените, културните, меѓународните предизвици пред кои се наоѓа Македонија денес, македонскиот режисер е на мислење дека ситуацијата не е убава, ама пострашно е што таа постојано станува сè полоша.

„Треба да се почне од сопствениот двор – и по прашање на правдина, и работливост, и чесност, и урбанизам, и здравје, и загаденост, и корупција… Треба да се засукаат ракавите“, порачува Манчевски во интервјуто.

Вашиот спор со Агенцијата за филм е во тек, каков епилог очекувате? Добивате поддршки од сите страни, па дури и од странство…Ќе ја истерате ли правдата?

„Сите сме разочарани од немањето на правда во општеството, од корупцијата, ама јас сакам и морам да верувам дека упорноста ќе го победи злото, да верувам во институциите, затоа што алтернативата е апатија и анархија. Мојот спор не е со Агенцијата за филм, туку само со неколку филмски мафијаши, Салиериевци на кои тато им ги купил кариерите со помош на партиските извршители. Во право сте, поддршка стигна од сите релевантни институции – Антикорупциска, ДЗР, Транспаренси интернешанел, Коалиција за заштита на укажувачи на ЈЕ Европа, дури и од самото Министерство за култура, а од странство поддршка против политичкиот прогон пристигна од најстариот и најреномиран фестивал на светот – Венеција, од Меѓународната федерација на филмски критичари, од Здружението на филмски работници на Италија… Правдата мора да се истера, нема друго“.

Што ѝ недостасува на Македонија да стане земја чиј производ, односно македонскиот филм, би можел да послужи за поголема промоција? Каде грешиме како земја, секако таленти не недостасуваат…

„Македонија е присутна на светската сцена уште од „Пред дождот“ и од тоа кога „Прашина“ го отвори Венецискиот фестивал. „Кајмак“ е продаден во речиси 50 земји. Има и млади автори кои се наметнуваат. Нема мали и големи земји, има мали и големи филмови. Проблемот е во заробената држава и заробените институции. Филмот е скап потфат, а парите кои државата ги издвојува за продукција ги крадат филмските мафијаши или се трошат на медиокритетски автори и продуценти, кои никогаш на покажале успех, иако со децении трошат народни пари“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ