Кристал Палас дојде до водство уште во третата минута со гол на Матета, но само десет минути подоцна Де Брујне даде убав гол за изедначување на 1-1, со тој резултат се замина на одморот.
По само две минути игра во второто полувреме Рико Луис погоди за комплетен пресврт и водство на Манчестер Сити од 2-1.
Во 66. минута Халанд даде гол за 3-1, а четири минути подоцна Де Брујне погоди за убедлива предност на Сити од 4-1.
Конечните 2-4 ги постави Едуард во 86. минута од натпреварот.