Титулата во Премиерлигата ќе се решава во последното коло, Арсенал попладнево славеше на гостувањето кај Манчестер јунајтед со 0-1, и се врати на врвот на табелата, каде ќе остане барем до вторник.
„Ѓаволите“ направија многу промени во стартниот состав, па „топчиите“ немаа многу проблеми, и покрај тоа што триумфот беше минимален.
Единствениот гол го постигна Тросар, кој на асистенција на Хаверц, рутински реалисираше од три метри за 0-1.