По поразите од Фулам и Сити, Манчестер јунајтед им се врати на победите откако го совлада Евертон.
Двата гола беа постигнати на идентичен начин. Најпрво Бруно Фернандеш погоди од пенал во 12. минута, а потоа тоа го направи и Рашфорд во 36. минута.
Евертон имаше доволно шанси да постигне гол и да се врати во мечот, но тоа не се случи. Победи Јунајтед со 2-0.