„Ѓаволите“ победнички тргнаа во новага година, избраниците не Тен Хаг вечерва славеа со 0-2 на гостувањето кај Виган во ФА Купот.
Манчестер јунајтед важеше за огромен фаворит и го покажа тоа на теренот, го имаше поседот на топката, шутна дури 33 пати кон противничкиот гол и лесно можеше да слави многу поубедливо.
Резултатот беше отворен во 22. минута кога Далот убаво пласираше од работ на шеснаесетникот за 0-1.
Натпреварот беше решен во 74. минута, Бруно Фернандеш од белата точка реализираше за 0-2 и пласман во 4. коло.