среда, 12 март 2025

Манчестер јунајтед потврди дека Олд Трафорд ќе биде минато и објави фотографии од новиот стадион вреден 2 милијарди (ФОТO)

„Ѓаволите“ денеска ги објавија амбициозните планови да изградат нов стадион кој ќе чини околу 2 милијарди фунти и ќе има капацитет од 100.00 места.

Објавено на

часот

Сподели

Манчестер јунајтед потврди дека ќе го урне легендарниот Олд Трафорд и на истото место ќе изгради нов стадион кој ќе има капацитет од 100.000 места.

Новиот стадион ќе чини околу 2 милијарди фунти и ќе биде централна точка на обновата на подрачјето околу Олд Трафорд.

Проценките велат дека стадионот и поширокио проект за обнова ќе носат дополнителни 7,3 милијарди фунти секоја година во економијата на Велика Британија.

Овој голем градежен зафат ќе креира 92.000 нови работни места и повеќе од 17.000 нови домови, а ќе привлече и околу 1,8 милиони посетители годишно.

Само неколку часа пред да биде најавен проектот, ко-сопственикот Сер Џим Ратклиф рече: „Започнуваме едно ново и возбудливо патување, ќе го изградиме најдобриот фудбалски стадион во светот“.

„Сегашниот стадион ни служеше брилијантно во последните 115 години, но заостануваме зад најдобрите арени во светот на спортот. Со тоа што ќе го изградиме новиот стадион во близина на сегашниот, ќе можеме да ја зачуваме суштината на Олд Трафорд и да креираме најмодерен стадион со што ќе го трансформираме искуството на навивачите на само неколку чекори до нашиот историски дом“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ