Дел од англиските медиуми пишуваат дека Манчестер јунајтед од следната сезона ќе има нов тренер, Тен Хаг е веќе минута.
Чашата била прелеана на полуфиналето од ФА Купот кога Манчестер јунајтед доживеа бламажа која за нивна среќа не помина со елиминација. Водеа со 3-0 над второлигашот Ковентри и го победија дури по изведување на пенали, а малку фалеше да бидат елиминирани и во продолженијата.
На трибините мечот во живо го следеа сопствениците Аврам Глејзер и Сер Џим Ратклиф и незадоволни од виденото го напуштија стадионот.
Се верува дека Манчестер јунајтед и да го победи Манчестер Сити во финалето од ФА Купот, отказот на Тен Хаг не му бега.
Веќе бил контактиран Томас Тухел, тој се посочува како можен нов тренер на Јунајтед.