понеделник, 21 октомври 2024

Манчестер јунајтед го потврди трансферот, Зиркзе е првото засилување ова лето

„Ѓаволите“ и официјално го потврдија трансферот на Џошуа Зиркзе, Холанѓанецот е првото засилување на Манчестер јунајтед ова лето и прво во ерата на ИНЕОС.

Објавено на

часот

Сподели

Џошуа Зиркзе е нов фудбалер на Манчестер јунајтед, напаѓачот стави потпис на петгодишен догоовр и се обврза до јуни 2029.

„По разговорот со тренерот и лидерите на клубот, знам колку возбудлива ќе биде иднината тука и со нетрпение чекам да ја одиграм својата улога и да помогнам да се забележи успех. Јас сум играч кој секогаш го дава максимумот за победа, подготвен сум за новиот предизвик, да се искачам на едно повисоко скалило и да освојам повеќе трофеи“ – вели Џошуа Зиркзе.

„Привилегија е да се игра за овој легендарен клуб“.

Детали од зделката не беа откриени, медиумите пишуваат дека се работи за зделка од 42,5 милиони евра. Манчестер јунајтед одвои нешто повеќе од откупната клаузула од 40 милиони евра, за сума да биде платена на неколку рати.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ