сабота, 26 октомври 2024

Манчестер јунајтед го помина Њупорт и се пласира во осминафиналето од ФА Купот (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед со 4-2 го победи Њупорт на негов терен и се пласираше во осминафиналето од ФА Купот.

Објавено на

часот

Сподели

На мечот му претходеше скандалот во режија на Рашфорд кој беше изоставен од тимот откако лажеше дека е болен, се забавувал во ноќен клуб до раните утрински часови.

Манчестер јунајтед имаше одличен старт на мечот против четвртолигашот Њупорт, по само 13 минути игра веќе беше 2-0 за фаворитот со голови на Бруно Фернандеш и Маино.

Но, потоа работите се променија, во 36. минута Морис намали на 2-1, а на почетокот од второто полувреме Еванс реализираше за 2-2.

Сепак, Јунајтед не дозволи да се посрамоти, Антони даде гол во 68. минута за водство од 3-2, а победата ја завери Хојлунд длабоко во судиското продолжение поставувајќи ги конечни 4-2.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ