сабота, 5 октомври 2024

Малолетник загина, а двајца патници се тешко повредени во две засебни сообраќајки

Во две засебни сообраќајки што се случија вчера во Прилеп и Куманово, малолетник загина, друг малолетни и еден пешак се тешко повредени, информирше денеска МВР.

Објавено на

часот

Сподели

Вчера вечерта во СВР Куманово било пријавено дека на магистралниот  пат Куманово – Крива  Паланка, во кумановската населба Карпош, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило бмв со албански национални ознаки, управувано од И.Б.(37) од Скопје и мотоцикл јамаха управуван од малолетник од Куманово.

„Од здобиените повреди на местото починал 15 – годишен сопатник на мотоциклот од Куманово, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Додека, 16 – годишниот возач на мотоциклот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Куманово. Увид на местото на несреќата извршиле екипа од СВР Куманово и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција, возачот на патничкото возилот бил лишен од слобода, а возилото и мотоциклот биле предадени на вонреден технички преглед“, се наведува во билтенот на МВР.

Претходно дента, еден час после пладне, во ОВР Прилеп било пријавено дека на улица Васко Карангелески, патничко моторно возило тојота со прилепски регистарски ознаки, управувано од  Б.Т., удрило во пешакот П.Н. и двајцата од Прилеп.

„Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градска болница Прилеп. Увидот го извршила увидна екипа на ОВР Прилеп“, информираа од МВР.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ