Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, кај малолетникот била пронајдена и одземена бела прашкаста материја, за која се претпоставува дека е недозволена супстанција.
Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Акцијата е дел од засилените мерки за спречување на недозволената трговија со наркотични средства, кои во последниот период добиваат посебен акцент од страна на надлежните служби.