Несреќата се случила во напуштен рудник со кој претходно стопанисувала кинеска компанија, пренесува Њузцентрал.
„Бројот на загинатите е 48 лица“, изјави извор близок до локалната полиција, додавајќи дека некои од жртвите паднале во вода и дека меѓу нив имало и жена со бебе на грбот.
Неименуван локален функционер изјави дека несреќата се случила во Билали Кото, во западниот дел на Мали, и дека жртвите се претежно жени.
Несреќата се случила на напуштена локација каде претходно работела кинеска компанија. Многу трагачи по злато одат на такви локации со надеж дека ќе најдат злато.
Мали е една од најсиромашните земји во светот, иако е еден од водечките производители на злато во Африка, а во рудниците во земјата често се случуваат фатални несреќи.