петок, 18 октомври 2024

Макстил додели годишни стипендии за студенти и за средношколци

Десет студенти на државните технички факултети и уште пет ученици во средните стручни училишта на територија на Град Скопје ќе добијат стипендии од Макстил. Студентите ќе добиваат по 10.000 денари месечно во период од 10 месеци за академската 2024/2025 година и уште 15.000 денари еднократно на почеток на учебната година. Стипендијата од Макстил за средношколците изнесува 5.000 денари месечно за периодот на учебната 2024/2025 година.

Објавено на

часот

Сподели

„Со стипендиите сакаме да ги поттикнеме и средношколците, а и студентите изборот за своето образование да го насочат кон техничките науки, пред сѐ поради перспективноста на овие професии, а паралелно со тоа и поради дефицитарноста на овој образовен и професионален профил во земјава. Освен разновидноста и широкото поле на изучување, техничките науки се привлечни и со тоа што отвораат многу можности за кариерен развој. Со последните текови и движења, индустријата се повеќе бара и има потреба од профили од техничките науки и со тоа стануваат поконкурентни“, истакна Соња Алексиќ, директор за човечки ресурси во Макстил.

Право на аплицирање ([email protected]) за стипендирање имаат сите редовни студенти на државните факултети од областа на техничките науки, а приоритет имаат студентите од Технолошко металуршки факултет, од Електро технички факултет и Машински факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј, Скопје. Период за аплицирање за студентските стипендии е од 1 септември до 31 октомври 2024 година.

За средношколските стипендии право на аплицирање ([email protected]) имаат сите редовни ученици во средните стручни училишта на територија на Град Скопје, со предност за учениците од СЕТУГС „Михајло Пупин“, СУГС „Владо Тасевски“, СУГС ЕМУЦ „8 Септември“, СУГС АСУЦ „Боро Петрушевски“ и СОСУ „Илинден“. Периодот за аплицирање е од 1 август до 10 септември, а изборот на стипендистите ќе се изврши најдоцна до 20 септември 2024 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ