„Искрено и најдлабоко сочуство до семејствата на 14 годишната Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Ова е една од најголемите трагедии во нашата држава затоа што безмилосно се одземени два живота. Одговорност и максимални казни за сторителите“, напиша Лога на Фејсбук.
По преземени опсежни мерки и активности од страна на полициски службеници од СВР Скопје, вчера во околината на Скопје е пронајдено безживотното тело на малолетната В.Ѓ., која беше пријавена за исчезната на 27 ноември, а во околината на Велес од страна на полициски службеници од СВР Велес е пронајдено и телото на П.Ж. (74) од Велес, кој на 24 ноември беше пријавен за исчезнат, информираа синоќа од МВР.