Макрон на Икс објави дека Франција сочувствува со жителите на архипелагот. „Нашите знамиња ќе бидат на половина копје. Сите Французи ќе бидат повикани на едноминутно молчење во 11 часот“, напиша тој во пораката објавена од Мајот.
Во понеделникот Макрон вети дека ќе го обнови Мајот. Најави и фонд за оштета за оние кои не биле осигурани, но не кажа колкава ќе биде сумата.
Според привремените податоци, загинале 31 лице, а речиси 1.400 се повредени, но властите стравуваат дека бројот на жртвите е многу поголем, а според некои информации и десетици илјади. 70 отсто од населението беше сериозно погодено.
Циклонот Чидо го погоди и Мозамбик каде загинаа најмалку 73 лица, според локалните власти. Циклонот го погоди африканскиот континент во неделата, откако го разори Мајот.