вторник, 25 февруари 2025

Макрон го прекина Трамп за време на прес-конференција (ВИДЕО)

И покрај нивните огромни разлики во ставовите, Доналд Трамп и Емануел Макрон синоќа изјавија дека сакаат да соработуваат на ставањето крај на војната во Украина, на третата годишнина од почетокот на руската инвазија на земјата.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Францускиот претседател, кој беше примен од својот американски колега во Овалната соба, вети разговори насочени кон „траен“ мир и изрази надеж за „силен“ американски ангажман во овој поглед.

Доналд Трамп на прес-конференцијата се пофали со својот „специјален“ однос со францускиот колега и тврдеше дека непријателствата може да се прекинат за „неколку недели“ и додаде дека потпишувањето на договорот со Украина за американскиот пристап до минерали во земјата е „многу блиску“.

Во еден момент, Макрон го прекина Трамп и се вмеша во неговата изјава за испраќање помош за Украина.

„Само да разберете, Европа ѝ позајмува пари на Украина. Тие си ги добиваат парите назад“, започна Трамп.

Потоа Макрон ја испружи раката и го фати Трамп за да се вмеша.

„Не, всушност, да бидам искрен, плативме. Плативме 60% од вкупната помош. Како и САД, дадовме кредити, заеми, гаранции, дадовме вистински пари“, рече Макрон, додавајќи дека се надева оти преку мировните преговори Русија ќе се согласи со нејзините замрзнатите средства да се вратат заемите што ги дала Европа.

„Ако верувате во тоа, тоа е во ред со мене. Но, тие ќе си ги добијат своите пари, ние не. Но, сега да“, рече Трамп.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ