Во интервју за ТВ Франс 5, Макрон го повика Израел да престане со ваквиот пристап во борбата против терористите бидејќи не е соодветен и посочи дека сите животи се подеднакво вредни и секој мора да ги брани.
Иако го призна „правото на Израел да се брани и да се бори против теророт“, францускиот лидер повика на заштита на цивилите и хуманитарен прекин на огнот.
„Хамас е виновен за оваа ситуација, но го повикувам Израел да го запре бомбардирањето на Појасот Газа“, рече Макрон.