Извлекувањето на квалификациските групи ќе се случи на 20 март во романскиот град Клуж, тогаш 24 репрезентации ќе ги дознаат своите противници.
Од квалификациите на Европското првенство ќе отидат 16 селекции, а осум се веќе пласирани, покрај петте домаќини кои одат директно на континенталниот собир, место има и за најдобрите три од минатото ЕП, тоа се Норвешка, Данска и Унгарија.
Македонија е во третиот шешир заедно со Украина, Португалија, Италија, Грција и Косово, тоа значи дека нема да добиеме ниту еден од овие противници.
Репрезентациите се поделени во четири шешири со по шест селекции, ќе бидат извлечени шест групи со по четири репрезентации.
Мечевите ќе се играат по принцип дома гости во три прозорци и тоа во 15-19 октомври 2025, 4-8 март 2026 и 8-12 април 2026 година.
Пласман на Европското првенство ќе обезбедат првопласираните две од секоја група како и четири најдобро третопласирани.