петок, 7 февруари 2025

Македонските надежи во Битола би можеле да ја пречекаат Италија

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Масар Омерагиќ денеска имаше средба со фудбалските великани од Битола како што се Митко Стојковски, Тони Мицевски, Ванчо Мицевски и Сашо Здравевски.

Објавено на

часот

Сподели

Се разговарало на повеќе тема, а една од нив било Битола да стане домаќин на натпреварите на младинската селекција.

„Во соработка со градоначалникот на општина Битола, ОФС Битола и претседателот Златко Талевски, планот на ФФМ е Битола и “Тумбе кафе” да бидат домаќини на Македонија до 21 година! Битола на нозе! 9. септември, Македонија – Италија“, стои во делод соопштението на ФФМ.

Денеска излезе распоредот на натпревари за квалификациските дуели на Македонија У21, Италија е селекцијата која прва треба да ја пречекаме, тој дуел се игра на 9. септември.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ