Украина поведе во самиот финиш од првото полувреме кога по едно лошо исфрлување на нашите фудбалери Кревсун даде гол за водство од 1-0.
На почетокот од вториот дел Македонија прими уште еден гол, овојпат стрелец беше Пономаренко за 2-0 што беше и конечен резултат на мечот.
Во нашата група се играше и дуелот меѓу Швајцарија и Летонија. Швајцарците победија со гол во 90. минута.
Во следното коло, на 23. март Македонија игра против Швајцарија.