Квалификацискиот турнир се игра во Скопје, на тренинг центарот „Петар Милошевски“ и на стадионот во Ѓорче Петров.
Македонија својот прв меч го игра денеска од 14 часот, противник ни е Украина, дуелот го играме на тренинг центарот „Петар Милошевски“.
Покрај Македонија и Украина, во нашата група се уште и селекциите на Швајцарија и Летонија. Победникот во групата ќе избори пласман на Европското првенство.
„Мислам дека можеме да го повториме успехот, подготвени сме да одговориме на предизвикот. Се соочуваме со проблеми околу повредени фудбалери. Нема да можеме да сметаме ниту на Елмас за овој турнир. Што се однесува до Даниел Марковски, тој е под знак прашање. Ќе се обидеме да направиме се што е во наша моќ за да го оспособиме за утрешниот натпревар. Имаме одлична атмосфера во репрезентацијата, нешто што не красеше и на квалификацискиот турнир во Полска. Желбата и мотивацијата кај фудбалерите се на едно највисоко ниво. Иако групата на прв поглед е неатрактивна, меѓутоа е многу силна. Се надевам дека ќе одиграме тимски и ќе дадеме се од себе. Верувам во успех“, вели селекторот Тони Јакимовски.