ФИБА денеска ги објави шеширите за ждрепката која ќе се одржи на 14 март во швајцарскиот град Мие.
Македонија е во вториот шешир заедно со Холандија, Данска и Словачка, а тоа значи дека нема да играме против ниту една од овие селекции.
Меѓу селекциите кои можеме да ги добиеме се Швајцарија, Романија, Австрија и Норвешка, но и Хрватска и Бугарија кои се сместени во првиот шешир заедно со Украина и Унгарија.
Натпреварите ќе се одиграат од 2 до 20 август во двокружен систем, секој против секого, а најдобрите две селекции од секоја група ќе продолжат во главните квалификации за Мундобаскетот.